Тејлор Свифт нè носи во Париз со нејзиниот нов специјален концерт. Во петокот, пејачката објави дека АВС ќе го емитува специјалниот концерт на City of Lover што беше снимен минатата година. „Ние го снимавме моето шоу во Париз во септември и мислевме дека би било забавно да го споделам со вас“, напиша таа на Твитер. Специјалниот концерт, кој ќе се емитува на 17 мај, ќе содржи настапи од хит-албумот на Свифт, Lover, како и некои снимки кои не с видени досега. Свифт претходно на обожавателите им подари поглед на концертот со нејзиниот настап во живо на „The Man“. Како да не беше доволно возбудливо, ќе можете одново и одново да го гледате овој коцерт, бидејќи истиот ќе биде достапен на Хулу и Дизни + веќе од следниот ден.
Веста доаѓа откако Свифт ја откажа својата претстојна турнеја на „Lover Fest“ поради ситуацијата со коронавирус. „Многу сум тажна што нема да можам да ве видам на концерт оваа година, но знам дека ова е вистинската одлука“, напиша таа. “Ве молам, ве молам, бидете здрави и безбедни. Ќе се видиме на сцената штом тоа е возможно, но сега она што е важно е да се останеме дома во карантин, за доброто на сите нас”. За среќа, ќе имаме музика на Свифт на која ќе танцуваме (дури и ако е од нашите дневни соби). Во продолжение погледнете го трејлерот за специјалниот коцерт.