Целиот свет бруи околу големата трансформација на пејачката Адел, која успеа за неколку месеци да ослабе преку 45 килограми.
По променетиот изглед се појавиле многу тролови и хејтери кои ја критикувале заради огромната трансформација.
По јавниот линч, јавно изреагирал нејзиниот поранешен тренер Пит Герацимо.
– Кога заедно го започнавме патот, никогаш не стануваше збор за слаба кожа. Стануваше збор за нејзиното оздравување: особено по бременоста и по операцијата. Кога наполни 25 години, требаше да се подготвиме за турнеја и за 13 месечен напорен распоред. Во тоа време таа тренираше и правеше подобар избор на исхрана. Резултатот беше намалена тежина, а луѓето го приметија тоа. Вниманието кое го привлече беше неверојатно- напишал Пит.
– Оваа метаморфоза таа не ја прави за продажба на албуми, рекламирање или за поголемо внимание. Ја прави за себе и за своето дете- објаснил некогашниот тренер на пејачката. – Се работи за Адел и за тоа како таа сака да го живее животот. Таа не се промени, истата Адел е. Сега е само полесно да ја заобиколиш.
Британските медиуми постојано пишувале дека Адел почнала драстично да слабее по разводот од бизнисменот Сајмон Конецки.