Кашлицата сè уште е актуелна во овој период, а еве еден природен рецепт против кашлица
Состојки:
15 супени лажици шеќер
200 мл вода
1 супена лажица жалфија
12 ловорови листови
1 супена лажица босилок
Подготовка:
Ставете го шеќерот во сад, истопете го до карамелизирање на тивок оган, без да загори. Додадете ја водата, па истопете го шеќерот во водата. Додадете ги жалфијата и ловоровите листови. Оставете го да врие точно 3 минути. Додадете го босилокот, промешајте го, поклопете го и оставете го да отстои 3 часа. Процедете го сирупот и можете да го пиете.