Сандра Булок ја покажа својата ќерка Лаила за прв пат во јавноста

popara11 мај, 20202min00
sandra_bullock

Актерката Џејда Пинкет Смит, заедно со нејзината мајка Адриен Банфилд-Норис и ќерката Вилоу Смит, пред две години го започнаа ток-шоуто „ Red Table Talk “. Трите генерации зборуваат за многу теми и гостите им се придружуваат. Поради мерките за заштита донесени како резултат на вирусот корона, емисиите се одвиваат преку видео повик.

Во последното шоу, Џејда ја покани актерката Сандра Булок (55) како гостинка, како и медицинската сестра Април. Никој не знаеше какво изненадување подготвила Сандра за сите гледачи. Имено, среде разговорот, Сандра ја покани својата осумгодишна ќерка Лаила да се придружи, а причината за тоа беше пораката што ја имала малото девојче за Април.

Слатката Лаила и се заблагодари на медицинската сестра за целиот труд и напорна работа што го вложила во текот на пандемијата на коронавирусот, но и рече и дека треба да се грижи за себе. Малата ги разнежни сите, а Сандра рече дека Лаила е нејзиниот суперхерој што ќе го заштити целото семејство.

Патем, ова е првпат Сандра да ја покаже својата ќерка во јавност во петте години колку што поминаа од нејзиното посвојување. Покрај Лајла, Сандра посвоила и момче во 2010 година, денес 10-годишниот Луис. Во едно интервју, Сандра изјави дека посвојувањата се најдобрите одлуки што ги донела во нејзиниот живот. Актерката не сака да открива многу од својот приватен живот во јавноста, а долго време крие дека е во среќна врска со фотографот Брајан Рандал од 2015 година. Зад Сандра е и нејзиниот брак со мотоциклистот Џеси Џејмс со кој беше од 2005 до 2010 година, а тие се разведоа откако тој ја изневери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag