Состојки:
- 600 гр пилешко месо
- 2 домати
- млад кромид,
- неколку млади компири
- 150 гр сирење
- 2 јогурти
- 2 јајца
- масло.
Од зачини:
сол, бибер, лута пиперка, сув зачин и лукчиња.
Подготовка:
Зачинете го пилешкото и пржете во масло, а потоа наредете го на сад за печење. Ставете ги прстените од компир, зачинете ги малку и ставете го исецканиот млад кромид. Потоа кругчиња исечени од домат.
Изматете ги јајцата и јогуртот и прелијт, а потоа посипете со сирење. Печете на 180 степени за 25-30 минути.