Цеск бара куќа, Венгер брои пари

popara30 јуни, 20111min00
Francesc-FabregasED11

Цеск Фабрегас веќе почнал да бара нов дом во Барселона. Арсен Венгер размислува како да ги потроши парите од трансферот.

До крајот на “сапуницата Фабрегас” останаа само уште неколку епизоди, а тоа е потпишување договор со каталонскиот гигант.

Се веќе делува договорено, а вчера се сретнале агентот на Цеск, Дарен Дејн и претставници на Барселона се со цел да се дефинираат некои детали од договорот.

Фабрегас нетрпеливо очекува трансфер во Барселона, а веќе бара куќа за живот на подолг период во елтиниот дел од градот.

Арсен Венгер, на другата страна, веќе прави планови на што ќе ги троши парите од продажба на својот капитен.

Иако единствено засилување за сега за Арсенал е Карл Џенкинсон, секој ден се појавуваат нови имиња кои се поврзуваат со лондонскиот клуб.

Денеска во игра влезе и Артур Видал од Леверкузен, како што пренесува “Дејли Меил”. Претходните денови веќе се говореше за интересот на Арсенал за Мата, Самба, Дан, Јагилка, Кејхил, Жервињо…

Без сомнеж продажбата на Фабрегас (35-40 милиони) за Венгер ќе биде одлична финансиска инекција за летниот трансфер период.

Извор: Нетпресс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag