Поради убавина подговени на се.
Племето Каро има околу 2.000 припадници, што го прави едно од најмалите во долината на реката Омо, а можеби и во цела Етиопија. Меѓутоа, други,дури и побројни племиња немаат толку стручни лица во сликарството и украсувањето на телата.
Племето Каро е особено познато по талентот за дизајн на облека, односно костими.
Убавината е многу важен аспект на културата на племето Каро – толку е важна што тие се подготвени да трпат голема болка за да бидат што е можно поуникатни. Покрај цртањето и сликањето на телото, членовите на племето намерно прават лузни на кожата и за тоа имаат посебна техника. По сечењето на кожата, тие тријат пепел во раната, така што рана зараснува неправилно и со тоа остава необична форма.