Центарот на Атина синоќа наликуваше на воено поле по повеќечасовните немири помеѓу полицијата и стотина вандали кои се вмешале меѓу демонстрантите во текот на протестот заради новите мерки за штедење.
На крајот од денот улиците околу плоштадот “Синтагма“ биле прекриени со камења и мотики со кои напаѓачите фрлале по полицајците, како и стакла уништени од автобуските станици и излози.
Фасадите на неколку банки и една пошта биле прекриени со пепел од пожарите кои самонаречените анархисти ги предизвикале правејќи “молотови коктели“ додека полицијата ги растерувала со шок бомби и солзавец.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jfbnFquotlc&feature=player_embedded
Околу сто лица биле во болница заради повреди на главата или гушење од хемикалиите.
Министерството за здравство информира дека 31 полицаец е на болничко лечење, а полицијата соопштила дека се уапсени 11 лица.
Се забележува и чад над кантите за ѓубре кои вандалите ги претвориле во барикади во судир со полицијата.
Според процените на властите, околу 600 лица учествувале во насилствата, вмешувајќи се во демонстрациите на кои присуствувале повеќе од 20.000 лица.
Напаѓачите фрлале со шишиња по пратеникот на владејачките социјалисти Александар Атанасијадис бидејќи во Собранието гласаше за пакетот мерки за ригорозно штедење, иако претходно најавил дека ќе гласа против.