Наизглед мала интервенција на вилицата може да направи голема разлика, а доказ за тоа се следниве фотографии
Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша се едни од ретките кои немале потреба од вештачки импланти земајќи во предвид дека имале заводлива насмевка и пред интервенцијата. Но и двете пејачки сепак се одлучиле за интервенција, а нивните лица и денес ги краси бисерна насмевка.
Александра Пријовиќ долго време е во центарот на јавноста, а она што е посебно интересно за неа е нејзиниот изглед пред повеќе од 5 години односно периодот кога за прв пат се појави на аудицијата за Ѕвездите на Гранд.
Меѓу оние кои имаат вештачки заби се и Сораја Вучелиќ, која имала дијастема, потоа Милица Тодоровиќ која нема ниту една операција на лицето и на телото но сепак се одлучила за корекција на забите исто како и Рада Манојловиќ на која оваа интервенција и била најпотребна поради нејзината професија.