И покрај големиот авторски опус кој брои скоро троцифрени филмски остварувања, оскари и уметнички награди, автобиографијата на Вуди Ален (84) сепак го привлекува вниманието со своите пикантерии. Добитникот на дури 4 оскари на 400 страници го опишува своето детство во Бронкс, зборува за своите филмски идоли, за големите љубови и го негирање обвинувањето за злоупотреба.
Вуди Ален е во голема немилост на американската и светската јавност поради сексуалната врска со посвоената ќерка од својата поранешна партнерка Миа Фароу, Сун Ји Превин. Оваа книга можеби беше негов последен очаен обид да ја каже својат верзија за случувањата, бидејќи издавачот веќе еднаш се откажа од издавањето на истата книга поради реакциите во јавноста. Откако истата е објавена може да се дојде до заклучок дека Вуди Ален – Човекот не е на исто ниво како Вуди Ален – Филмскиот гениј.
„Мојот живот е (полу)готов. И да умрам во овој момент нема да ми биде жал. А верувам дека ќе им е исто и на другите луѓе“ – ова се карактеристични зборови за Вуди Ален во негов саркастичен стил, напишани во автобиографијата која носи наслов Apropos of Nothing (Апропо Ништо) која во САД беше објавена кон крајот на месец март, за време на корона пандемијата.
Оваа реченица можеби и најдобро го опишува односот кон еден од најдобрите живи режисери – пола свет го мрази додека другата половина му се восхитува. Такви поларизирани се и критиките за неговата автобиографија.
Во неговата исповед, очекувано најголемо внимание привлекуваат деловите околу конфликтот со Миа Фароу, бракот со посвоената ќерка и обвинувањата од страна на неговата билошка ќерка Дилан. На почетокот на книгата Ален, својата децениска партнерка Миа, ја опишува како „многу, многу убава“ но тоа многу брзо се менува. Сеќавајќи се на моментот кога глумицата ги пронашла фотографиите од нивната посвоена ќерка Син Ји, на кои таа била гола, Ален го раскажува следново:
- Мила ја сакаше својата репутација на светица во јавноста иако во реалноста таа никогаш не сакаше деца, ниту па некогаш се грижеше за нив.
Ален дури тврди дека неговата поранешна партнерка ги малтретирала децата, особено посвоената Сун Ји, а кога дознала за нивната врска решила да му се одмазди преку нивната родена ќерка Дилан. Фароу според пишувањето на оскаровецот „ја искористила неговата миленица, тогаш седумгодишно девојче, и ја убедила дека татко и ја злоставувал“.
- Никогаш не сум подигнал рака на Дилан, ниту пак сум направил нешто што би наликувало на злоставување. Тоа е тотална измислица, од почеток до крај на приказната – тврди Ален во својата автобиографија.
Целата книга всушност претставува ода за 35 години помладата сопруга на Ален, Сун Ји Превин, со која е во брак две децении кога и започнаа контраверзиите за „режисерот-педофил“.