Дали храната ја губи својата вредност кога ќе се замрзне?

popara13 мај, 20201min00
замрзнато

Во последно време, кога луѓето настојуваа да направат залихи со храна, забележана е зголемена побарувачка на конзервирана и замрзната храна, а зголемена е и продажбата на замрзнувачи.

Но, дали замрзнувањето е здраво или не?

Фатима Ханен, нутриционистка, вели дека храната е најхранлива за време на берењето. Свежите плодови пропаѓаат откако ќе се наберат бидејќи земјата и стеблата на кои растат се нивниот главен извор на храна. Откако ќе се набере, плодот сè уште ги црпи сопствените нутритиенти, но некои хранливи вредности се особено осетливи.

На пример, витаминот Ц е особено осетлив на кислород и на светлина.

Спанаќот губи 100 проценти од содржината на витамин Ц во рок од седум денови ако се чува на собна температура од 20 степени, а ако се чува во фрижидер, губи 75%. Чуван во замрзнувач губи само 30% од витаминот Ц.

Морковот чуван седум дена на собна температура губи само 27% од содржината на витамин Ц. Останатиот зеленчук го изгубил витаминот Ц помалку кога бил замрзнат. Со замрзнувањето се спречува процесот на оксидација, причината поради која потемнува овошјето и зеленчукот.

Во замрзнувањето на производи клучна е брзината. Штом се набере плодот, следува нутритивна трка со времето. При замрзнувањето, производите се бланшираат, што значи дека неколку минути се загреваат на висока температира, па на тој начин сепак се губи нутритивната вредност.

Конзервирањето е процес во кој постои процес на стерилизација. Затоа оваа храна е безбедно да се јаде. Иако експертите препорачуваат дека замрзнатата храна е поздрава, бидејќи во конзервираната храна се става сол, иако при процесот на стерилизација се губи хранливоста, сепак кога овошјето или зеленчукот ќе се најде во конзерва, тука може да остане со години, а вие можете да бидете сигурни дека храната минала низ процес кој ги убил сите микроорганизми.

Свежи, конзервирани или замрзнати, заклучокот на сите е дека овошје и зеленчук мора да се консумира секојдневно. Секако, најпрепорачливо е да се јаде свежо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag