Техничкиот директор на фабриката, Маринко Умишевиќ, го покажа моделот на папучи што го доби првата дама на САД, како и пораката што ја доби од неа.
“Драг господине Умичевиќ, какво прекрасно изненадување. Благодарам за прекрасниот подарок и пораката што ми ја испративте. Многу генијално од вас и многу го ценам вашиот гест. Ви посакувам многу успех во иднина”, се вели во пораката потпишана од Меланија.