Еве како да одгледате раскошен домашен босилок

popara29 јули, 20201min00
босилок

За да добиете голем босилок треба да го извлечете максимумот од растението, а тоа ќе го направите ако му дадете доволно топлина, сонце и влага.

Ако сакате да одгледувате босилок, на растението треба да му обезбедите голема саксија затоа што на корените му се потребни многу простор и земја за да расте. Доколку имате бавча, најдобро е да го посадите во бавчата.

Ако го одгледувате од семе, обезбедете му многу топлина и сончева светлина.

Босилокот сака вода, но не и бара. Затоа посадете го на добро дренирана земја.

Првите листови од босилокот наберете ги кога растението ќе оформи крошна, но не дозволувајте да процвета. Кога ќе почне да пушта пупки, нежно откинете ги заедно со уште неколку околни листови. Така ќе добиете грмушка од босилок од кој ќе можете да го подготвувате вашето омилено песто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag