За време на пандемијата предизвикана од корона вирусот едно од најчесто поставуваните прашања е колку трајност има средството за дезинфекција на раце откако ќе се нанесе.
Центарот за контрола и превенција од болести тврди дека најдобро средство за дезинфекција на раце е тоа што содржи 60 % алкохол. Но, треба да знаеме дека самото средство нема долго треање и дека миењето раце со вода и сапун секогаш треба да биде наш прв избор.
Вистина е дека средствата за дезинфекција што содржат алкохол се добра алтернатива за замена на сапун и вода, но со нив само моментално ги отстрануваме бактериите, додека со миењето на рацете покрај темелното миење и самите бактерии заминуваат во одводот од чешмата.
Но и покрај миењето или дезинфекцијата откако повторно ќе допрете загадена површина рацете повторно ќе бидат валкани, затоа се препорачува почесто миење или дезинфекција. Кога ги миете рацете мијте ги темелно и често.