Ретко ќе видите која било боја освен црна на Карла Бруни. Тоа се случува во многу ретки и исклучителни прилики.
Поранешниот топ-модел, ѕвезда на модните писти од 90-тите години, која ги делеше со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Хелена Кристенсен, Линда Евангелисти и Клаудија Шифер, е многу прибирлива кога станува збор за нејзиниот стајлинг. Поточно, кога станува збор за боите.
Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози носи само една боја во речиси секоја пригода – црна! Без разлика дали станува збор за фустан, панталони, јакна, комбинезон или некој друг предмет за облека или додаток, Карла се одлучува за црно.
Иако, со лесен тен и убави зелени очи, сигурни сме дека и други бои би и одговарале многу добро, но тоа многу ретко се гледа.
Имено, при изработката на оваа галерија, успеавме да најдеме само една фотографија во која Карла не е во црна боја.Може да се случи да ја видите со торба или некои детали во различна боја,но тоа се случува ретко!