Ова се растенијата што најдобро го прочистуваат воздухот во домот

popara14 мај, 20201min00
растенија

Поставете растение на секои девет квадрати и воздухот во домот ќе биде со подобар квалитет, а тоа е особено важно во времето на корона вирусот.

Покрај тоа, тие ја разубавуваат внатрешноста и го намалуваат стресот, велат експертите. Дека тие го прочистуваат воздухот, покажа истражувањето на НАСА. Ставете ги во домот, но според нивното влијание. На пример, оние што се добри против чадот од цигари најдобро е да ги сместите во дневната соба. Додадете билки кои дејствуваат како навлажнувачи. Една од најдобрите билки за прочистување на чадот од цигари е гербер.

Сака сончеви места и толерира голема топлина, треба само да се напои доволно. Ставете алое вера во дневната соба. Ги „уништува“ штетните соединенија од воздухот, вклучувајќи зрачење од ТВ-екраните и компјутерските монитори. Покрај тоа, нејзините лисја може да се користат за лекување на изгореници и за правење разни корисни лекови за кожата.

Едно од најдобрите растенија за прочистување на воздухот е Сансеверија позната како „јазикот на свекрвата“.

Ги отстранува токсините и произведува кислород дури и во текот на ноќта. Затоа можете да го ставите во спалната соба. Бидејќи не треба многу светлина и е лесна за одржување, може да ја разубави и бањата. Дрвото на животот, велат експертите, може да апсорбира повеќе од 90 проценти од ацетон што се наоѓа во отстранувачот на лак за нокти или производи за домаќинство. Може да биде корисно во дневната соба. Палмата, која помага да се регулира влажноста во просторијата, е исто така одлична за воздухот. Ќе го разубави просторот и ќе му даде тропска атмосфера.

Лимонот е растение кое е пријатно во секој поглед: кога цвета го исполнува воздухот со овошна арома, го влече вишокот на влага во воздухот. Листовите ослободуваат различни супстанци кои го стерилизираат просторот. Дрвото сака многу сончева светлина, редовно наводнување и сува почва.

Атмосферата на тропската шума одговара на бањата

Бамбусот ќе изгледа убаво во секоја бања, и може да се одгледува во тегла со вода. Папратите се идеални за бањата затоа што сакаат влажен воздух и слаба осветленост. Овие растенија и даваат на бањата тропски изглед, но и освежување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag