Моментот кога ќе одлучиме да престанеме да следиме некого на социјалните мрежи по раскинот на врската може да биде болен, но експертите тврдат дека тоа е неопходен потег.
Освен предностите кои ги имаме од Интернетот, честопати знаеме да го користиме и за шпионирање на поранешните партнери.
Поголемиот дел од “шпионите” се свесни дека тоа не е добро и не треба да го прават. Сепак, опсесивната желба за шпионирање е посилна од разумот, а таа подоцна преоѓа во зависност за која многу луѓе бараат психолошка помош.
Зошто не привлекува да следиме некој со кого сме раскинале?
Следењето на социјалните мрежи е чест проблем. Повеќе од 60% од возрасните корисници на Интернет ги следат своите поранешни партнери.
Шпионирањето на поранешните партнери на почетокот се чини дека е безопасно и дека во секој момент можете да престанете да го правите тоа. Но колку подолко го правите тоа, толку е потешко да се откажете подоцна.
Најлоша работа е што демнењето ве прави уште поосамени и поисцрпени. Енергијата се троши на нешто што не е реално, а не се троши на нешто што е корисно.
Како завршува сето ова? Во најдобар случај со лечење на психолог, а во многу случаи и со психијатриска помош и антидепресиви.
Единствениот начин сами да се излечите е да си забраните да го правите тоа и да правите нешто корисно. И доколку можете, избришете ги вашите профили. Потребна е голема сила и волја за тоа, бидејќи навистина се работи за зависност. Лицето ќе има желба за креирање на нов профил и повторно демнење. Доколку не можете да си помогнете, побарајте лекарска помош. Но, најдобро е сами да се обидете да си помогнете. Тоа е првиот чекор кон новиот живот во кој нема место за шпионирање.