Ретко дека има некој на планетава кој не слушнал за овој фудбалер. Тој беше и останува синоним за стил, врвен фудбалер, но тој беше особено горд на својата коса. Се до вчера.
Дејвид Бекам беше фотографиран пред англиски бар во Барфорд, каде се гледа дека неговата коса значително се проретчила. Сега тој има проблем со кој се сретнуваат многу средовечни мажи, но за разлика од повеќето, тој инвестираше многу за да се спречи тоа да се случи. Според прецизните англиски медиуми, тој потрошил вистинското богатство на косата, но и покрај пресадувањето на косата што го направил пред две години, ништо не функционирало.
Неговата коса денес е значително поретка и тоа не му дава мир. За време на неговата кариера, тој имал различни фризури, плетенки, коса со степен, фарбана во разни бои и правеше со неа што сакаше, но очигледно тие денови завршиле. Според извори блиски на овој поранешен фудбалер, тој имал толку малку коса што останува прашањето дали некогаш ќе може да го врати изгледот што го красеше повеќе од 40 години.
Во галеријата погледнете некои од фризурите на Бекам :