Американската актерка, со потекло од Мексико, Сaјма Хаек (53 години) знае како да го привлече виманието на јавноста позирајќи покрај својот базен во костим за капење и без шминка, а притоа и ја открила својата тајна во врска со несигурноста која ја имала како млада. Фотографијата ја направила во својата вила во Лондон покажувајќи го своето бујно деколте во прв план.
Но минатата недела актеркарата која долги години важи за една од најубавите жени и секс симбол, изјави дека не секогаш се осеќала пријатно и дека била многу несигурна во себе во врска со нејзиниот изглед во минатото.
- Мои омилени денови се оние кога не морам да сум нашминкана и кога не треба да се гледам во огледало и да се оптоварувам со мојот изглед. Тогаш си пристоен и си ја вршиш својата работа – рекла актерката
- Чувството е многу убаво кога не треба да размислувате за вашата шминка и за тоа како излгедате со или без неа едноставно си го живеете животот и не обрнувате внимание на физичкиот изглед.
Хаек исто така призна дека имала големи проблеми со несигурноста кога била млада но од тоа искуство многу и научила.
- Кога ќе ги погледнам фотографиите кога сум имала 30 – 40 години се гледам себе си како многу поубава отколку што сум мислела дека сум,а и многу се критикував себеси во тоа време. Сега кога ќе се погледнам во огледало повеќе не ги гледам тие маани и си велам колку ќе се сакам себе си за 10 години од сега – додаде таа.
Таа изолацијата последниве два месеци ја поминува во својот дом во Лондон во придружба на својот сопруг Франсоа – Анри Пино (57) и ќерката Валентина Палома (12).