Шестгодишното девојче заедно со својот татко, отишло на возење велосипед по стазата Blackwell во англискиот Нотингхамшир, но тогаш, неможеле ни да замислат како ќе заврши на денот.
Возејќи по стазата, во одреден момент налетале на пар кој го шетал своето куче. Таткото неколку пати извикал “извинете” откако ги замолил да се поместат малку за да тој и неговата ќерка пројдат со велосипедите, но минувачите се правеле дека ништо не слушаат. Девојчето пробало да помине помеѓу парот, но не успеало и паднало од велосипедот. Тек тогаш мажот од парот се свртел и го нападнал нејзиниот татко кој пробувал да му објасни дека им се обратил неколку пати да сигнализира поминување.
Веднаш потоа, минувачот со нога го удрил велосипедот на уплаканото девојче, се свртел и заминал.
Инцидентот бил забележан на камера, а видео од истиот објавила мајката на девојчето, Мишел Прост. Кажува дека ситуацијата ја погодило многу нејзината ќерка која тукушто научила да вози велосипед и плачела со саати. Родителите го пријавиле случајот и во полиција која пробува да го открие идентитетот на минувачите од снимката.