Колекцијата содржи колоритни ѓердани, “statement” шешири и уште многу други детали…
На почетокот на овој месец, брендот Луи Витон претстави колекција на декорации, а овој пат, тие дебитираат со нова колекција на машки аксесоари кои се наменети за престојната сезона и го содржат иконскиот Monogram Eclipse дезен.
Оваа колекција настана под водство на креативниот директор, Вирџил Аблоа и содржи парчиња накит во форма на прстени, алки и ѓердани во стилот на ланци, достапни во сребрено и колоритно издание. Другите парчиња преставуваат луксузни варијанти на секојдневни предмети како што се амајлиите, привезоци за клучеви, медаљони, шалови, каиши, футроли за лични карти и картици, наочари за сонце и шешири.
Колекцијата е веќе достапна за купување, а повеќе детали може да погледнете во галеријата.