Мелани Грифит е успешна холивудска актерка чија кариера трае 50 години, а она во што е исто така успешна е и одржувањето на линијата која за нејзинитие 62 години изгледа одлично.
Деновиве актерката е уловена како ужива во прошетка низ Беверли Хилс, а уживале и другите бидејќи Мелани шетала по градник.
Освен по актерската кариера, Мелани е позната и по бракот со нејзиниот колега, актерот Дон Џонсон, како и по бракот со Антонио Бандерас, од кој се разведе во 2015 година а со кој ја имаат 23 годишната ќерка Стела.
Освен на Стела, Мелани е мајка и на ѕвездата од серијалот “50 нијанси на сиво”, Дакота Џонсон, а од бракот со Стив Бауре го има и синот Александер.
Нејзините обожаватели не можат да и ја простат одлуката да направи многу пластични операции кои според нив ја уништиле нејзината убавина.
Таа еднаш изјавила дека не била свесна што си направила сè додека не слушнала и прочитала што се зборува за неа. Тогаш решила да појде кај друга докторка и да го коригира сè она што претходно го згрешила претходната докторка. Сега таа вели дека изгледа нормално.