Летна трпеза: Еве зошто треба да јадете зелена салата!

popara14 јули, 20201min00
марула

Зелената салата одамна е дел од нашата трпеза, а еве зошто е добро да ја јадете

Одличен сојузник во слабеењето

100 грама зелена салата има само 95 калории. Освен тоа, овој зеленчук е богат со здрави влакна кои ќе ве држат сити.

Добра е за здраво срце

Зелената салата е одличен извор на витамин Ц и фолати кои се важни за кардиоваскуларното здравје бидејќи ја спречува оксидацијата на холестеролот и таложењето на штетните наслаги на ѕидовите на крвните садови кое може да доведе до артеросклероза.

Го намалува ризикот од дијабет

Зелениот лиснат зеленчук има низок гликемиски индекс, што значи дека помага во одржување на нивото на шеќер во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес.

Ги јакне коските

Зелената салата е одличен извор на витамин К, А и Ц кои се неопходни за создавање на колаген, што претставува прв чекор во формирањето на коски.

Ви помага да останете хидрирани

Зелената салата има дури 95% вода, што значи дека е вистински извор за топлите денови зашто помага да останете хидрирани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma