Агата Кристи претставува една од најдобрите писателки на 20 век, а нејзините книги и мистерии за кои пишувала се пред времето. Но, нови докази упатуваат дека за една од нејзините книги инспирацијата доаѓа од норвешки роман.
Луси Мофат која работи како преведувач во Норвешка тврди дека пронашла дамнешен англиски превод на приказна на Штајн Ривертон која има сличен заплет како книгата на Агата Кристи.
Се работи за романот “Убиството на Роџер Екројд” кој е издаден во 1926 година и станал книжевна сензација заради самиот заплет.
Но експертите сега тврдат дека Кристи го видела преводот од делото на Ривертон кое е објавено во 17 години претходно во Норвешка, односно во 1909 година.
Сличностите на заплетот се сфатени како случајност бидејќи расказот на Ривертон се појавил дури во 2005 година во Англија, а Кристи која умрела во 1976 година не знаела норвешки. Но Мофат открила дека во едно списание кое се занимава со детективски приказни е објавена публикацијата на Ривертон.
Списанието било на пазарот шест месеци помеѓу 1923 и 1924 година, а Мофат успеала да пронајде ретко издание на списанието во британската библиотека, што направило сомнежот дека сепак постои можност Кристи да ја видела приказната.