Популарниот актер Пирс Броснан (67) веќе 19 години е во брак со сопругата Кели Шеј Смит (56), а папараците ги фатиле како нежно се бакнуваат на Хаваи.
Парот веќе со недели е на Хаваи каде поголемиот дел од времето го поминуваат на плажа додека останатиот свет е во карантин.
Легендарниот актер успева да ја одржува својата форма, а се чини дека не му пречат папараците кои постојано го демнат.
Со сопругата Кели Пирс е во врак од 2001 година, а заедно ги имаат 23 годишниот Дилан и 19 годишниот Парис. Со првата сопруга, која починала во 2013 година од рак го има синот Шон кој денес има 36 години.