Израелски изум против корона: со оваа маска можете слободно да јадете, а да не ја вадите!

popara18 мај, 20201min00
maska 2

Израелски пронаоѓачи измислиле маска за лице која преку далечински управувач се отвора и овозможува да се јаде, а маската не мора да се вади, што би можело да ги направи посетите во ресторани попрактични и помалку ризични. Со стисок на раката, исто како кај велосипедите што се стиска рачната кочница се отвора предниот дел на маската за да може да влезе храната низ неа.

– Маската ќе се отвора механички или автоматски кога ќе се доближи приборот- рекол Асаф Гителис, потпретседател на компанијата Автипус патенти и изуми, додека го демонстрирал производот.

– Така можете да јадете, уживате и пиете- извадете ја вилушката и маската ќе се затвори, а вие сте заштитени од вирусот и од другите луѓе кои седат околу вас- додал Гителис.

Компанијата соопштила дека планира да започне со производство на маски во рок од неколку месеци и веќе го пријавила патентот. А каква би била маската ако коронависрусот нè погодеше пред два века?

Делува малку чудно, а доколку ја споредиме со маската на Др. Ханибал Лектор, тогаш таа добива нијанса на ужас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma