Некои мислат дека тоа е среќен знак па во тој момент посакуваат желба. Но што се случува доколку повеќе пати на ден ја гледате истата низа на броеви?
Обрнете внимание, можеби универзумот има нешто да ви каже.
Редоследот на појавување на броевите, најверојатно се манифестира на различни начини, а се тоа е со цел да ви привлече внимание.
Можеби баш секогаш гледате на саат во 20:20, па истиот ден во продавница ви враќаат кусур од 20 денари. Неколку дена подоцна ќе отидете на гости на адреса под број 20.
Ова би можело да трае со денови, месеци, па дури и години пред да можете да го декодирате значењето. Појавувањето на “главните броеви” на секвенци, нумеролозите го толкуваат како знак дека треба да обрнете внимание на вашиот ум, тело и душа.
Погледнете во галеријата што некои од повторените броеви значат.
Нумеролозите, ваквите повторувања ги нарекуваат и броеви на ангелите односно предупредувања на вашиот “чувар”, поточно универзумот.
Ангелите дискретно шепотат на уво, така да на време ќе забележите исти броеви, дури и на билборд. На пример, често можете да го видите редоследот на броевите 111, а ви се чини дека секој пат кога ќе погледнете на часовникот е 01:11 или 11:11.
Освен тоа, можете да гледате низ несеквенционални броеви што значи дека ќе треба и да го разгледате значењето на секој од броевите поединечно и да видите што тие означуваат заедно.
Она што е важно е дека се е отворено за интерпретација и без разлика дали верувате ил не, имајте доверба во вашата интуиција – помоќни сте него што мислите.