Актерката Марша Крос светската слава ја стекна со улогата на Бри ван дер Камп во серијата “Очајни домаќинки”, но во приватниот живот таа имала многу несреќи.
Таа се омажила за Том Махони, а со помош на вештачко оплодување родила ќерка на 45 години. Претходно имала 8 годишна врска со трагичен крај. Таа била во врска со 25 години постариот Ричард Џордан кој починал во 1993 година. Имал тумор на мозокот, а актерката тешко ја поднела оваа трагедија.
Марша открила минатата година дека и самата се бори со карцином и тоа на анусниот канал. Кога ја победила болеста, отворено зборувала за неа.
“Знам дека постојат луѓе кои се срамат. Но зошто? Па имаш рак! ништо лошо не си направил што си го добил во анусот. Имаш поголем проблем од срамот”, изјавила Марша која по дијагнозата се соочила со мачни денови- хемотерапија и зрачење.
На нејзиниот сегашен сопруг во 2009 година му бил дијагностициран рак на грлото, а актерката вели дека повеќе го цени животот сега откако и двајцата се избориле со болеста.