Кога се споменува женско здравје на сите првата асоцијација им е гинеколог и фамозното столче. Иако за многу жени гинеколошкиот преглед е непријатно искуство, тој е неопходен за здравјето на жената и треба да се врши редовно.
Но женското здравје се однесува и на здравјето на дојките при што самопрегледот е од исклучително значење бидејќи може да спаси живот, а неретко го занемаруваме, или воопшто не го ни правиме.
Колку често треба да се оди на преглед на дојки или да се прави Пап-тест? Колку често треба да правиме самопреглед на дојките?
Пап- тест не е нужно да правите секоја година
Зависно од возраста на жената, но доколку Пап- тестот е уреден и направена е ХПВ типизација која е негативна, редовната контрола може да се продолжи на три години. Притоа , жените по 65 година чии тестови биле секогаш уредни, а кај кои не постои друг ризик, не мора да прават повеќе Пап тестови. Секако, можат да се случат промени.
Без оглед на тоа дали претходниот Пап-тест бил уреден, тој треба да се направи секогаш кога постои сомнеж за ризичен сексуален однос и ако се појават воспалителни симптоми на матката.
Самопреглед на дојките треба да правите уште додека сте во пубертет
Смислата на самопрегледот на дојки, освен за рана детекција на болести, е запознавање на девојките со своето тело и грижа за сопственото здравје. Секое туширање треба да заврши со самопреглед на дојките, но и со останатите делови на телото, бидејќи промените на телото најдобро ги откриваме самите ние. Самопрегледот на дојки треба да почне најдоцна во 20тата година и да го правите еднаш месечно на петтиот ден од менструацијата.
Првата мамографија треба да ја направите помеѓу 35 и 40 година
Препорачливо е првиот мамографски преглед да го направите меѓу 35 и 40 година, а жените постари од 40 години треба да прават мамографски преглед на секои 2-3 години. За помладите жени се препорачува ултразвучен преглед.
Кај жените кои имале малигни болести на дојка во семејството мамографскиот преглед почнува во 35 година како дополна на ултразвучниот преглед.
Доколку забележите промени кај вашите дојки, вдлабнатини, исцедок или болка која трае подолго од еден ден, треба да се јавите на лекар.