Како и за сите третмани за убавина така и за трајната шминка има многу митови во кои веруваат многу девојки. Но денес ќе ви ги откриеме неколку тајни со кои се побиваат миттовите за трајната шминка.
Трајната шминка не излгеда природно
Можеби порано, пред 10-15 години, овојт третман изгледал сложено и не премногу природно но со време дошло до промена на мислењето. Денес за трајната шминка важат истите правила како и за сите други естетски третмани и најважна сепак е желбата да се изгледа природно.
Најпопуларни се техниките на сенчање, пудра во прав, пудрење на образите и слично. Сите овие техники пред се имаат цел да ви дадат природен изглед и поради тоа специјалистите секогаш пробуваат да се фокусираат на изборот на најадекватниот тон природна нијанса.
Трајната шминка не ви дава само ведрина на лицето туку ги отстранува и визуелните неправилности, со правење на подебели образи, отстранување на асиметријата, пигментација, пост акни лузни па дури и постоперативни лузни.
Болна процедура
Овој фактор е пренагласен. Моментално третманите за трајна шминка користат деликатна опрема која налвегува длабоко во кожата но не ги оштетува нервните заввршетоци и крвните садови. Истотака вредно е да се напомене дека третманите се вршат со локална анестезија.
Болката може да се интензивира за време на менструалниот циклус, кога жените се почуствителни. После третманот потребно е строго да ги почитувате препораките на експертите и имајте во обзир дека кожата која била подложена на ваков третман создава оток кој не треба да се допира. Отокот сам ќе спадне за 4 – 6 дена кај лицата со третман на оцните капаци или образи, а 3 дена кај третманите на усна.
Трајната шминка како и тетоважата за цел живот
Иако се две различни процедури, пигментите кои се користат кај трајната шминкасе внесуваат под кожата за само 0,05 мм (за разлика кај тетоважите се оди 2-3 мм под кожата. Она што треба да го запомнете е дека иако е трајна шминката има свој рок на траење, познавање.
Постапката е штетна
Пигментите кои се користат во овие третмани се апсолутно сигурни, за нивно производство се користат минерални компоненти, а и со самиот факт дека пигментите имаат краток рок на траење се потврдува нивната безопасност.
Трајната шминка е скапо задоволство
Ако земете во предвид дека составите на козметичките препарати се менуваат барем еднаш на 6 месеци, а на пример на маскарата еднаш во 2-3 месеци, ќе размислите повторно за трајната шминка. Во реалноста таа ќе ви заштеди пари а и време. Секогаш ќе бидете спремна, нашминкана без разлика на дневните проблеми или ситуации кои ги наметнува животното темпо.