Уживањето во сопствениот двор во текот на летото може да биде проблем заради комарците. Но проблемот може да се реши на природен начин, со помош на Вилинско коњче. Тоа е инсект со долгнавесто тело кој може да изеде и до 100 комарци дневно. А за да го привлечете вилинското коњче во вашиот двор, засадете ги овие растенија:
1. Црноока Сузана (Thunbergia alata)
Ако не сте вешти во одржување на растенија, тогаш ова е совршено растение за вас и вашата градина за да можете полесно да се борите со досадните комарци. Ова растение може да преживее на било која земја и само има потреба од сончева светлина за подобар цвет.
2. Sagittaria subulata
На прв поглед може да помислите дека ова растение е коров или обична трева, но не е. Тоа е водено растение за чиј раст е потребна тврда вода и земја богата со хранливи материи. Но не грижете се, ова растение е совршено за почетници, се додека правилно го садите.
3. Ливадска коприва
Освен што ќе ви ја разубави градината, не е тешка за одгледување и бара само малку светлина, малку ладовина и малку вода. Ова растение е идеално за сува област, бидејќи долго може да издржи без вода.
4. Ајдучка трева
Некогаш се користела во лековити цели, а вие можете да ја искористите за привлекување на инсекти. За да успее ова растение потребно и е многу сончева светлина и земја која не е влажна.