Зашто блондинките никогаш нема да ги надминат брунетите

popara20 мај, 20201min00
drew

Иако старото холивудско правило е дека „мажите преферираат плавуши“, една анкета ни открива нешто сосема поинакво односно дека мажите ги доживуваат брунетите поатрктивни и поинтелегентни. Кога ќе се присетиме на femme fatale групата на чело со Ава Гарднер и Елизабет Тејлор јасно ни е од каде таа приказна.

Дали за знаете приказната со плавушата, црнката и црвенокосата во бар? Иако така звучи ова не е виц, туку сериозно научно истражување направено од страна на Универзитетот Вестминстер кои праќале волонтерки во три ноќно клубови во Лондон, неколку недели по ред но секогаш со различна боја на коса. Задача на девојките биле да ги забележуваат реакциите на мажите и нивниот интерес односно колку мажи ќе им пријдат, со каков пристап и што им предложувале. Потоа девојките се враќале во клубовие и им покажувале свои слики но во трите изданија и барале од нив да ги оценат.

Резултатите биле многу интересни: на блондинките најмногу мажи им пришле,од брунетите биле најфасцинирани и заинтересирани па дури и малку заплашени. Ова се верува дека е поради мислењето дека блондинките се помалку интелегентни и полесни. Кај црвенокосите пак имало најмал интерес, на иста девојка како плава и пришле 60 пати, на брунета 42 пати, а на црвенокоса само 18 пати. Ова истражување не е ново, ама откако е спроведено пред неколку години работите се немаат многу изменето.

Блондинките се доживуваат како поопуштени, поотворени и спремни за сексуални авантури, додека за брунетите дека се озбилни, воздржани па на моменти и ладни.

Сево ова има и врска со поп културата. Благодарејќи им на Џеки Кенеди, Ава Гарднер, Елизабет Тејлор во 50-тите и 60-тите во мода биле црнките, додека во 70-тите и 80-тите пак блондинките поради иконите како Фара Фаусет и Лорен Хатон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma