Иако правилата за контрацепциска терапија се многу едноставни, многу жени забораваат да ги пијат таблетите. Ако и вам ви се случи тоа, следете ги овие едноставни правила.
Што да направите доколку сте пропуштиле…
…една контрацепциска таблета
Ако сте пропуштиле една таблета или сте задоцниле еден ден, со новата серија на таблети во новиот менструален циклус сте уште заштитени од несакана бременост.
– Испијте ја веднаш таблетата која сте ја пропуштиле, па дури и да испиете две во еден ден.
– Останатите таблети продолжете да ги пиете по вообичаениот распоред
– Кога завршувате со серија на таблети како и досега направете пауза од 7 дена.
.. две или повеќе таблети
Ако сте заборавиле да испиете повеќе од една таблета или сте започнале со нов циклус со закаснување од два или повеќе денови, ризикот од несакана бременост е значително зголемен.
– Испијте ја веднаш таблетата која сте ја пропуштиле, па дури и да испиете две во еден ден.
– Не надополнувајте повеќе од една таблета дневно. Останатите занемарете ги и прескокнете ги.
– Останатите таблети продолжете да ги пиете по вообичаениот распоред.
– Во следните 7 дена во текот на сексуалниот однос користете дополнителна заштита.