Мора да ви се случило неколку пати да го прескокнете редовниот ден за миење на косата и одеднаш, вашата коса изгледа толку неуредна што ништо друго освен топла вода и шампон не можат да и помогнат.
Но, што ако ви кажеме дека има неколку едноставни начини што ќе ви овозможат поретко да ја миете косата?
Пред да се „удавите“ со шампон за суво миење, прочитајте го овој текст. Првиот совет е да ја исушите косата природно, а апаратите за стилизирање оставете ги само за специјални прилики.
Но, кога се работи за трикови и форми – за што навистина станува збор?
Исушете го коренот на косата со фен за коса
Откако ќе ја измиете косата, оставете ја да се исуши природно, колку што е можно, но исушете го коренот на косата. Вака вашата коса ќе е помалку мрсна и ќе има волумен.
Користете капа за туширање
Кога се туширате, не заборавајте да користите капа за туширање, бидејќи тоа е единствениот начин да спречите фризурата да стане неуредна поради влагата.
Шампон за суво миење пред спиење
Секако, шампонот за суво миење на косата е едно од решенијата. Сепак, вашата коса ќе заблеска со целосен сјај само ако го нанесете пред спиење. Ќе се разбудите со свежа коса полна со волумен! Исто така, обидете се косата да ја допрете колку што е можно помалку со прстите, бидејќи на тој начин таа е уште повеќе мрсна.