Колку и да е тешко да поверувате, глумецот Пирс Броснан минатата недела го прослави својот 67ми роденден. Како изгледаше неговиот роденденски ден, откри на Инстаграм а фотографиите беа проследени со трогателна посвета на сопругата Кели. Брачниот пар Броснан неодамна ја прослави 26тата годишница од својот брак, а Пирс годините кои ги поминале заедно ги нарекол најубавите во животот.
Глумецот Пирс Броснан во средата, на 13 мај го прослави својот 67 ми роденден. Знаеме дека времето лета, но тешко е за верување дека овој маркантен ирец кој се прослави по улогата на Џејмс Бонд, е се поблиску до осмата деценија во животот. Како поминал тој ден, им откри на обожавателите на социјалните мрежи преку фотографии на кои позира со својата сопруга Кели, пропратени со трогателен опис посветен баш на неговата подобра половина.
„Ти благодарам за сонцето и месечината и за сите заеднички денови од нашиот живот, моја драга Кели. Имав прекрасен 67ми роденден. Им благодарам на сите што тоа и ми го посакаа. Бога ве благослови сите, останете силни!„ – пишува во посветата на Пирс.
Инаку сопружниците Броснан неодамна ја прославија својата 26 годишнина од брак, а глумецот ни во тој момент не изостави да ги искаже своите чувства кон сопругата. „Моја драга Кели, срце ангелско, ти благодарам што ми донесе толку љубов и убавина во мојот живот и што последниве 26 години ги направи најсреќни во мојот животот. Среќна годишница, моја смеѓоока девојко„ – стоеше во неговата романтична посвета.