Како до квалитетен и возбудлив сексуален живот откако ќе станете родители?

popara21 мај, 20201min00
Capture

Вашиот сексуален живот започнува да страда затоа што секој пат кога сакате да бидете поинтимни со партнерот, бебето почнува да плаче. Може да поминат и до неколку години пред детето да спие преку ноќ и животот да се врати во нормала. Ова може да биде крајно фрустрирачко за двајцата во врската и на сите им е потребна таа рамнотежа – да се биде добар родител и да имате време за себе и за партнерот. Затоа ви носиме неколку совети како да ја вратите интимност во вашата рутина, откако ќе станете родители:

Вратете го ноќниот живот

Кога децата спијат преку ноќ, за вас е одлична можност да имате интимни моменти со партнерот. Исто така ако стекнете рутина за спиење откако ќе се роди бебето. Треба да поставите правила за детето и да се придржувате кон нив, за доброто на себе си и детето. Капење, читање и успивање на вашето дете нека ви биде рутина, како и спиењето во одредено време. Кога вашето дете ќе наполни две години, веќе нема да имате проблеми со будењето навечер.

Ослободете ги мислите и организирајте се

Не мора да вршите притисок врз себе дека треба да изгледате секси. Се разбира, депилацијата е добредојдена, но не треба да се мачите со специјални комбинации на облека. Секси чувствто е во главата, добро чувство во телото и субјективна мисла. Променете ја вашата перцепција и бидете нежни со себе.

Ослободете се од вината и станете повеќе спонтани

Иако со децата спонтаноста оди во благ заборав, сепак може да постои. Не мора да планирате секс. Спонтаното гледање филм додека вашето дете спие може да доведе до возбудливи моменти без да ги запишете во календар. И, ако навистина не можете да го направите тоа без план, организирајте вечер само за вас. Ангажирајте дадилка, излезете и уживајте, без каење, ви треба време за вас за да бидете подобри и за бебето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma