Американската пејачка, актерка и телевизиска личност Черилин Сакисиан, или нам позната како Шер денес полни 74 години богат и сполнет живот. Божицата на попот, како што ја нарекувале медиумите во текот на ’80 години, го стопирала своето стареење со многубројни сестетски интервенции, а и самата отворено призна дека го затегнувала лицето за разлика од многу нејзини колешки кои тоа го држат во тајност.
- Тоа ме прави среќна. И знаете, ако решам да си ставам гради на грбот тоа е мое право бидејќи се работи за мое тело и мој избор. Го затегнував и лицето па што. Кој не го направил тоа?“ – изјавила таа
Според експертите за естетска хирургија таа го средувала вратот, ги подигнала очните капаци и редовно иде на ботокс. Меѓутоа она што и засмета на Шер е дека се зборело дека извадила неколку ребра за да има потесен струк и за да е повитка според некои нејзини обожаватели на што таа изјавила:
– Ги имам средувано забите, носот и градите, но до сега не сум ни знаела дека има операција каде може да ви извадат ребра. Доколку сум ја направила таа операција верувам дека би имала голема лузна, а на моите настапи може да забележите дека јас такво нешто немам“ – ги демантирала трачевите Шер.
Пејачката во 1998 година го објави еден од нејзините најголеми хитови „Belive“ ви благодарение на него ннејзината турнеа „Living Proof: The Farewell Tour” имала голем успех и заработка од околу 250 милиони долари, и со тоа се искачила на листата на најпрофитабилни турнеи на сите времиња. Исто така таа се наога и на листата на најпродавани албуми и е освојувач на бројни музички награди како што се Еми, Греми и Златен Глобус. Нејзиното богатство денес се проценува на 360 милиони долари.
Својата слава најчесто ја користела за правата наа ЛГБТ заедницата и со тоа постанала геј икона, а и ја подигнувала свеста за сида преку хуманитарни настани од кои средствата биле донирани за истражување на болеста.
Освен успешна музичка кариера исполнета со хитови, операции и настапи во оскудна облека Шер привлекувала и внимание со својот бурен живот. Таа поминала 6 години во брак со покојниот мизичар и продуцент Сони со кој го има и ќерчака Чаза (51), а парот соработување и приватно на хитот „I Got You Babe“. Пред породувањето таа имала 4 неуспешни бременост, а своевремено пејачката расказувала и за искуството со нејзината ќерка која решила да го промени полот и да стане машко па така од 2009 година се нарекува Чез Боно.
- Го подржував во одлуката и години разговараме за тоа. Но признавам дека на почетокот беше тешко. Чудно е тоа за една мајка, имав едно дете и потоа чекав да добијам друго.“ – рекла таа.
Пејачката се развела од Сони во 1975, година а истата година се омажила за музичарот Грег Алман (69), со кого набрзо го добиле синот Елајџа Блу (43), а нивниот брак траел 4 години.
Таа е позната и по тоа што често била во врски со помлади мажи од неа како на пример Том Круз, кој е 16 години помлад од неа, потоа актерот Вал Килмер (60), разлика од 14 години, исто така актерот Ерик Столц (58), гитаристот Ричи Самбора (60) и со 18 години помладиот пекар по професија Роб Камилет.