Apple и Google претставија технологија за откривање на изложеност од коронавирус

popara22 мај, 20201min00
технологија

Технолошките компании Apple и Google ја претставија долгоочекуваната технологија за автоматско известување на луѓето доколку можеби биле изложени на новиот коронавирус, преку апликација за паметни мобилни телефони.

Софтверот во вид на блутут безжична технологија треба да утврди кога некој кој ја инсталирал апликацијата поминал време во близина на друг корисник на апликацијата кој подоцна е позитивно тестиран на коронавирус.

Многу држави се обиделе да развијат сопствени апликации за паметни телефони заради борбата против пандемијата од коронавирус. Обидите се генерално неуспешни.

Голем број од тие апликации имале технички проблеми на телефоните од компанијата Apple, како и оние со Android оперативен систем. Тие апликации најчесто користеле и GPS за следење на локацијата на луѓето, што за Apple и Google е забрането заради приватност.

Двата технолошки гиганти навеле дека нивниот автоматски систем “известување за изложеност” може да спречи ширење на коронавирусот по пат на преносители кои доаѓаат во контакт со непознати, а се уште немаат симптоми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag