Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес го прославува 33 роденден. Освојувачот на 16 Грен слем титули и светскиот рекет број 1 е роден во 1987 година на денешен ден.
Оваа година веројатно има само една желба, да остане жив и здрав и да продолжи да ги испишува златните страници во историјата на белиот спорт.
Овој роденден Новак ќе го прослави во кругот на семејството, но не во Монте Карло како минатата година, туку во Марбеља каде што интензивно тренира во исчекување на продолжување на прекинатата сезона.
Инаку, Марбеља е новата дестинација на Ноле, бидејќи одлучил по една година помината во Монте Карло да се пресели во овој шпански град заедно со сопругата Јелена Ѓоковиќ и децата Стефан и Тара.