Нејзиниот беспрекорен стил го копираат многу дами ширум светот

popara22 мај, 20201min00
238047_166431-profimedia0383642972-ls_ff

Славната глумица Сара Џесика Паркер е родена на 25 март 1965 гиидуна во Нелсонвил, Охајо.

Нејзиното семејство има еврејско потекло, и е составено од мајка и Барбара и атко и Стивен. Уште како мала Сара нејзините родители се развеле, а нејзината мајка се премажила за Пол Форд. Сара продолжува да живее со својата мајка и нејзниот нов маж при што добива 7 браќа и сестри.

Таа се занимавала со балет и танцување, а на 13 годишна возраст се појавила на познатата бродвејка претстава Град. Набрзо после тоа се се селат на островот Рузвелт за потоа се преселан на Менхетен.

По завршувањето на Американската балетска школа, се запишува во гимнација но продолжила со балетските часови и така ја добила улогата во бродвејскиот мјузикл Мои песни, мои сни, каде настапила зедно со своите 4 браќа и сести. После овој настан на Сара и се отвориле вратите на бината и добивала се повеќе и повеќе улоги на едни од најпознатите бродвејски претстави.

За прв пат на малите екрани се појавила во 1974 година во нискобуџетниот филм The Little Matc Girl. По овој филм следела пауза од фолемото платно бидејќи решила да се посвети на театардските претстави за да после осум години му се врати на филмот преку споредни улоги во филмови со лоша продукција.

Јавноста и режисерите за прв пат ја виделе во 1982 година кога глумела во серијата Square Pegs, која се емитувала само една сезона и немала голема гледаност, но иако Сара имала споредна улога сепка тоа било доволно за да нејзиниот актерски талент да биде забележан. Веќе во наредната година таа добива 4 филмски улоги за да конечно во 1991 година добе улога во филмот Honeymoon in Las Vegas каде глуми раме до раме со Николас Кејџ, а потоа и во филмот на Ен Вуд заедно со сјајниот Џони Деп.

Сепак улогата по која сите ја знаеме е од ТВ серијата Сексот и градот, каде ја глуми главната улога во ликот на Кери Бредшо и толку таа улога и го носи првата од четирите награди Златен Глобус.

Освен актерскиот талент, Сара покажувала и сколоност кон модната индустрија. Со годините таа станала многу влијателна личност кога била во шпрашање модата. Модните креатори го фалеле нејзиниот уникатен стил, а најголемите светски магазини ја вброиле во 10 најдобро облечени личности во шоу бизнисот. Таа едно време дури била и престседателка и моден директор на модната куќа Halston Heritage, која е позната по тоа дека облекува голем број на холивудски ѕвезди.

Во 2013 Паркер потпишала договор со модната дизајнерска куќа Manolo Blanik, со пто се обврзала да креира неколку видови на чевли.Интересно е дека на ликот кој го глумеше во серијата Сексот и градот овој бренд му е најомиленод сите брендови на чевли, а и самата Џесика има преку сто пара чевли од оваа дизајнерска куќа.

Денес таа креира и производи за линијата на чевли SJP by Sarah Jessica Parker.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma