Некогашниот член на младинската школа ПСЖ- Џордан Дијакисe е пронајден мртов во својот стан во Париз.
Џордан играл на позицијата десен бек, бил голем талент, а освоил три натпревари за У20 со репрезентацијата на галските петли.
– Скршени сме. Твоето второ семејство секогаш ќе биде со тебе. Почивај во мир, Џордан- пишува во пораката од ПСЖ.
Неговиот талент е неоспорен. Со своите 24 години пред него му претстоела блескава кариера.