Додека нечија врска на прв поглед може да ви изгледа совршено, можеби е сѐ, само не совршено. Имено, едно истражување откри која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред. Студијата на списанието „Личност и социјална психологија билтен“ покажа дека луѓето кои честопати објавуваат работи поврзани со нивната врска на социјалните медиуми, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската.
Имено, како што е наведено во студијата, тоа е теорија на врска која се занимава со начинот на кој паровите ја поврзуваат и јакнуваат врската. Истражувачите објаснија дека луѓето кои немаат доволно доверба во својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција честопати да објавуваат фотографии од себе и од нивните партнери, за да се докажат пред таканаречената публика и да создадат идилична слика за нивната врска.
Како што еден истражувач потврдил за „Cosmopolitan“, луѓето кои се задоволни и среќни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат пред јавноста затоа што немаат потреба за одобрување од другите и лажен перфекционизам.