Во трговски центар во Бангкок копчињата за повикување на лифотвите се заменети со ножни педали со цела да се намали пренесувањето на корона вирусот преку допир на јавни површини, но и да им се помогне на купувачите да стекнат сигурност со што би се опуштиле и посигурно да одат во шопинг.
Купувачите на плоштадот Сикон во Бангкок биле изненадени и збунети кога скоро после 3 месеци повторно дошле во трговскиот центар и виделе дека пред лифтовите, но и внатре во кабините, наместо копчиња имало педали. Потоа вработените направиле анкета и купувачите се изјасниле дека биле задоволни од одлуката на менаџментот бидејќи повеќе не им требале да допираат со раце било што во лифтот.
„Сега со нога можеме да го повикаме лифтот, а кога ќе влеземе со притискање н една од деветте педали бираме на кој спрат сакаме да идиме“ – изјавиле дел од нив
Проте Сосотикул, потпретседател на компанијата „Sikon Development“, која е сопственик на трговскиот центар вели дека педалите им помогнале на многу луѓе да се осеќаат опуштено и да не мислат дека треба да допираат копчиња кои кој се не ги допрел претходно.
Одлуката за отварање на трговските центри во Тајланд е усвоена откако беа затворени пред повеќе од две ипол месеци како една од олеснителните мерки во втората фаза бидејќи бројот на заразени драстично се намалил. Тајланд има 65 милиони жители,а евидентирани се 3 039 случаи на заразени и 56 смртни случаеви.