Името е есенцијална работа која го краси секој човек. Тоа останува засекогаш и не следи во текот на целиот живот, затоа е сосема разбирливо што родителите имаат потешкотии да го одберат идеалното име за своето дете.
Доколку очекувате девојче, не се сомневаме дека сте дошле до многу идеи – од имиња на прекрасни гени кои ги познавате, преку тоа како звучи со вашето презиме, па се до некои странски и прилагодени имиња на нашиот јазик. Има безброј идеи, па е сосема оправдано што во текот на бројните предлози почнете да се губите и веќе не сте сигурни што најдобро ќе одговара на вашето девојче. А знаеме дека го сакате најдоброто.
Нашите мајки беа доволно љубезни да ги споделат со нас имињата на своите ќерки, па ние за вас издвоивме неколку најубави.
Меѓу нашите мајки, најмногу имаше од оние кои одбрале класични имиња кои по својата звучност и убавина, веќе долго красат многу прекрасни жени. Меѓу нив се наоѓаат:
Тијана, Јулијана, Наталија, Милица, Магдалена, Анѓелина, Јелена, Јована, Дуња, Јана, Ивона, Сара, Невена, Сунчица, Славица, Александра, Вања, Софија, Ана, Теодора, Ленка, Викторија, Ива, Анастасија, Маша, Неда, Марија, Тамара…
Некои од нашите мајки се одлучиле и за необични имиња кои ќе ги направи нивните девојчиња посебни:
Ирис, Касија, Михаела, Асја, Тајра, Неа, Клара, Барбара, Миа, Николија, Луна, Најда, Искра, Дрина, Лаура, Огнена, Јана, Милија, Јулија…
Без разлика дали за својата ќерка сакате класика која е секогаш успешен избор или би одбрале некое посебно и необично име, сигурни сме дека меѓу имињата кои ги одбрале нашите мајки, ќе го одберете она вистинското и совршено за вашето девојче.