
Ќерката на пејачката Гоца Тржан, Лена, го прославила својот 13 роденден, а мајка и со емотивна порака на социјалните мрежи и го честитала роденденот, откривајќи дека при породувањето минала низ вистинска агонија, како и дека лекарите се бореле за нејзиниот живот.
Поп пејачката не можела да ги сокрие емоциите кон својата ќерка единица која ја доби со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ, а низ какви маки поминала, споделила со следбениците на Инстаграм.
– Пред 13 години точно во ова време се подготвував да те донесам на свет, беше мирна и не ти се брзаше многу и дури во 20:05 прв пат ти го слушнав гласот и ги видов твоите очи. Заплака само два пати, а потоа те ставија покрај мене и ти само ме гледаше…Не чувствував ниту болка, ниту страв што лекарите се исплашија за мене и почнаа да се борат да ми го спасат животот. Само тебе те гледав со чувство на припадност. Исто така те гледам и денес, со гордост, со љубов, понекогаш со двоумење дека нешто не правам како што треба…И сигурно ќе грешам. Единствено во што сум сигурна е дека засекогаш ќе те сакам, дека ќе бидеш мојата најголема радост и најголема болка, дека секоја твоја прегратка ќе ме прави најсреќна во универзумот. Драга моја Лена, среќен роденден, добредојде во тинејџерскиот свет, биди ни здрава и внимателна, а во исто време и полна со живот и љубов за сите.Знај дека си моја до крај, дека твоето срце чукаше под моето и затоа засекогаш сме поврзани и во радост и во болка. Те сака твојата мајка- напишала Гоца на својот Инстаграм Профил.