Брачен пар бил приморан да го помине медениот месец на Малдиви заради пандемијата!

popara25 мај, 20201min00
малдиви

Започнало со венчавка на 6 март во египетската престолнина Каиро, каде што Калид (36) и Пери (35) се венчале по осумгодишна врска.

Неколку дена подоцна парот кој живее во Дубаи безгрижно се упатил на свадбено патување во Канкун, Мексико, не плашејќи се од коронавирусот кој во тоа време не бил толку проширен низ светот.

Кога требале да се вратат дома на 19 март, пандемијата веќе го стопирала светот. При обид за фаќање на следниот лет во Инстанбул, кажано им е дека тоа не им е дозволено. Новите правила стапиле на сила во исто време кога тргнале од Мексико. На аеродромот на најголемиот турски град поминале две недели. Не им било дозволено да излегуваат во градот, но успеале да купат хигиенски средства и облека, а на крајот да си го земат и багажот.

Бидејќи не успеале да се вратат дома, во Соединетите Арапски Емирати, а летовите за Египет биле прекинати, тие смислиле нов план. “Одлучивме да провериме на Google кои држави им дозволуваат на Египјани да влегуваат без виза и дали постојат летови за таму”, истакнала Пери.

Имале само една опција- Малдиви, остров со песочни плажи и тиркизно море среде Индиски океан, кој и претходно им бил една од опциите за медениот месец. Тие биле среќни дека конечно ќе спијат во кревет, а не на столиците на аеродромот. Но кога успеале да најдат сместување на Малдиви, следеле нови предизвици. “Почнавме да чувствуваме финансико оптеретување, а не можевме да работиме бидејќи со нас не ги носевме компјутерите”, рекла Пери.

Парот на островот сфатил дека се едни од ретките гости и дека сите туристи чекаат летови за дома. Кога си заминале другите гости хотелот се затворил, па тие се преселиле на остров каде што се случило истото. Последниот месец го поминале во импровизирано сместување кое го организирала владата на Малдиви. Парот е благодарен затоа што на тој начин им се намалиле трошоците. “Се чини дека ова ни е убаво искуство. Навечер пуштаат музика, настапува ДЈ секој ден. Во резортот има уште 70 гости и сите се претежно дојдени на меден месец”.

На Малдиви вкупно има 300 туристи, а државата ги затвори границите. Иако постојат многу полоши места во кои може да се помине карантин, парот очајно сака да се врати назад во Дубаи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma