Четири навики кои мора да ги промените ако сакате да ја задржите работата

popara25 мај, 20201min00
rabota

Многу луѓе се убедени дека она што го работат е исправно, но не се ни свесни за токсичното однесување на работа кое може да се одрази на сиот труд. Еве кои лоши навики мора да ги промените:

Трачови

Имајте на ум дека трачовите на работно место не се безопасни. Можат да се прошират лесно и да им наштетат на вашите колеги, но и вам. Во колектив секогаш будно се следат оние кои зборуваат лошо, па не е тешко колективот да се ослободи од нив. Доколку вие сте предмет на оговарање замолете ги колегите да го решат проблемот лично со вас. Исто така, доколку слушнете трач задржете го за себе и ништо не коментирајте пред другите. Така ќе одржите подобар однос со колегите и ќе го сочувате здравјето.

Ставање работи под тепих

Изненадувачки е колку се луѓето подготвени да премолчат за одредени работи и да ги стават под тепих, наместо да разговараат отворено. За жал, повеќето сфаќаат дека отворениот разговор е подобра опција дури кога веќе е доцна. Така си создавате проблеми за себе, за шефот и за другите вработени. Тешките разговори секогаш треба да ги водите во работната средина. Ставањето под тепих не е решение. Клучот е во јасната комуникација.

Немам време за тоа

Ништо не може да ја саботира вашата кариера како одолговлекувањето на обврските, без разлика колкав талент, искуство и знаење поседувате. Одложувањето на задачите е лоша навика која за среќа може да се промени. Кога еднаш ќе го почувствувате задоволството од навреме завршени задачи, повеќе нема да сакате да ги одложувате, а ќе бидете и под помал стрес.

Говор на телото

Понекогаш не е потребно да зборувате, се се гледа на вас. Ако имате навика да превртувате со очите пред другите или лабаво да седите на столицата, со тоа испраќате лоша порака. Таквото однесување не поминува неприметено и остава негативен впечаток.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma