Британската актерка Џоан Колинс (82) светската слава ја стекна со улогата на Алексис Карингон во сапуницата „Династија“, а зад себе има животна приказна како од филм.
Таа се до 2016 година активно глумела, а вели дека има уште што да даде. Нејзиниот живот е одбележан со многу љубовни проблеми меѓу кои и 5 брака. Првиот сопруг и бил актерот Максвел Рид за кој се омажила на 19 годишна возраст откако сексуално ја нападнал бидејќи во тоа време девојките морале да се омажат за оној со кој имала секс. Подоцна тој сакал да ја продаде на некој шеик но Џоан изблегала од него.
Со вториот сопруг Ентони Нули ги добила ќерката Тара и синот Александар Саша, овој брак завршил поради обострани неверства.
Следувал бракот со Рон Кас, кој бил зависник од наркотични средства, а завршил откако нивната ќерка Катјана доживела тешка сообраќајка, а се зборува дека Џоан поради Роан изгубила и многу пари.
Бракот со Питер Хом треал многу кратко отакако го затекнала во кревет со друга жена. Но сепак таа не престанала да верува во љубовта и конечно ја нашла во 33 години помладиот театарски менаџер Рирс Гибсон со кој е 17 години во брак.