Нема сомнеж. Оргазмот освен уживање ви носи уште низа други предности!

popara26 мај, 20202min00
seks

Научно е докажано дека оргазмот ни помага подобро да спиеме, а може позитивно да влијае и на нашиот имунолошки систем. Според објаснувањата на сексуалните терапевти, во текот на оргазмот, нашиот мозок ослободува неуротрасмитери и неуропептиди – работи кои допринесуваат за целокупната физичка и емоционална благосостојба.

Подобро расположение, подобар сон и појак имунитет се само дел од предностите кои ги носи оргазмот и кои би требало да ги искористиме, особено во овие стресни времиња.

Ова се уште неколку бенефити кои ни ги носи оргазмот:

Поубава кожа

Кај оргазмот се ослободува хормонот окситоцин, а се намалува нивото на кортизол односно хормонот на стрес. Ваквите хемиски реакции позитивно влијаат на нашето расположение и ги смируваат воспалителните процеси во телото кои можат да предизвикаат појава на акни. Освен тоа, кај оргазмот се зголемува дотокот на крв и кислород до лицето, па кожата делува по блескаво и поздраво.

Поголема самодоверба

Доживувањето на оргазми може да ви помогне да имате подобра слика за себе и за своето тело. Стручњаците кажуваат дека при доживувањето задоволства, создаваме подобра слика за себе и својот изглед.

На жените тоа им помага подобро да се чувствуваат во сопствената кожа и генерално да бидат позадоволни самите од себе, па и повеќе да уживаат во сексуалниот живот.

Подобар сон

Подобар и поквалитетен сон е една од најважните здравствени бенефиции за организмот, а сигурно сами сте забележале да после секс, секогаш убаво спиете.

За ова постои и научно објаснување. Веднаш по сексот се ослободува хормонот пролактин кој ни помага да се опуштиме, и окситоцин и вазопресин кои ни помагаат полесно да потонеме во сон.

Здрава коса

Освен на изгледот на кожата, оргазмот може позитивно да делува и на здравјето на вашата коса. Ја подобрува циркулацијата па со самото тоа и покриеноста на скалпот, а резултат на тоа е појака, посјајна и здрава коса.

Младоликост

Бидејќи оргазмот помага во намалување на крвниот притисок, на тој начин го успорува процесот на стареење. Кога се доживува оргазмот, се зголемува и нивото на естроген, се зголемува и колагенот а тоа помага во одржување на младоликоста на лицето. Освен тоа, квалитетниот сон ја забавува појавата на брчки и фини линии.

Подобри односи со партнерот

Факт е дека со сексуалните односи само ја зајакнуваме и продлабочуваме интимноста со партнерот, но истовремено, доживувањето на сексуалниот врв дополнително ја зајакнува врската, тврдат сексолозите. Редовен и квалитетен сексуален живот е еден од најдобрите начини за одржување на стабилните односи.

Ослободува болка

Сексуалната симулација и оргазам ослободуваат природни лекови против болки во нашето тело. Освен што ќе се чувствувате подобро, ослободувањето на окситоцин може да помогне во ублажувањето на главоболката, менструалните грчеви па дури и артритис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag