КАКО ВЧЕРА ДА БЕШЕ КОГА СЕ ТРЕСЕВ ОД ТРЕМА НА АУДИЦИЈА: Ријана одбележa 15 години кариера!
Славната пеачка од Барбадос, Ријана, се присети на своето прво појавување на музичката сцена во 2005та година, кога се прослави со албумот “Music of the sun” и сингл – от “Pon de Replay”.
Нејзината музичка кариера почна да се движи по нагорна линија од моментот кога потпиша договор со музичката куќа “Def Jam”, а 15 години подоцна, Ријана ги сподели своите емоции со фановите.
Популарната пеачка истакна дека е премногу благодарна за огромната љубов и поддршка, од самиот почеток, па се до денес. Вели дека ова што го доживува е неверојатно и дека Бог ја однел на вистинскиот пат и кај вистинската публика, па баш заради тоа нивната врска ќе е нераскинлива. Се потсети и на моментите поминати во огромна трема и возбуда низ ходниците на “Def Jam” за време на аудицијата.
– Од “Pon de Replay” започна се! – додава таа.